Најтоплото лето досега на Северната хемисфера имаше силно влијание врз намалувањето на површината на мразот во Северниот леден океан.
Површината на т.н. арктичкиот морски мраз падна под четири милиони квадратни километри по втор пат откако почна сателитското снимање во 1979 година, соопшти американскиот Национален центар за податоци за снег и мраз (НСИДЦ).
Најтоплото лето досега на Северната хемисфера имаше силно влијание врз намалувањето на површината на мразот во Северниот леден океан.
Мразот на 15 септември ја достигна својата годишна минимална површина од 3,74 милиони квадратни километри и сега се очекува да почне повторно да се шири бидејќи температурите почнуваат да паѓаат и сонцето заоѓа порано со почетокот на есента.
Scientists believe the Arctic sea ice, or the floating ice cover of the Arctic Ocean, has reached its minimum extent for the year, shrinking to the second-lowest extent since record-keeping began in 1978 https://t.co/xAD5LWbTbq
— CNN (@CNN) September 22, 2020
Арктичкиот морски мраз е во постојан тренд на намалување, а 14-те најниски годишни минимални површини се случуваат во последните 14 години.
Еколозите предупредуваат дека забрзаното топење придонесува за затоплување на океаните и зголемени стапки на истребување на повеќе видови.
Ice in the Arctic Ocean melted to its second lowest level on record this summer, triggered by global warming along with natural forces, U.S. scientists reported. https://t.co/9ZdJUM6GlK
— KATU News (@KATUNews) September 22, 2020
„На Северот ова беше луда година, со морски мраз на скоро рекордни ниски нивоа, топлотни бранови од 37 степени Целзиусови во Сибир и огромни шумски пожари“, изјави директорот на НСИДЦ Марк Серезе.
„2020 година ќе стои како извичник за надолниот тренд на површината на арктичкиот морски мраз. Одиме кон сезонски Северен леден океан без мраз, а оваа година е уште еден клинец во ковчегот“, продолжи тој.
Мерењата објавени вчера се само прелиминарен наод и може да се ревидираат бидејќи континуираното топење може уште повеќе да ја намали ледената прекривка, нагласува НСИДЦ и додава дека финална анализа ќе објави во октомври.
Поврзани артикли