Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со дишењето и се во потешка состојба.
Дексаметазонот може да се користи за лекување на возрасни лица и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респиратор.
Испитување на Универзитетот во Оксфорд во јуни покажа дека дексаметазонот за една третина ја намалува смртноста кај пациентите кои се во тешка здравствена состојба.
Дексаметазонот веќе е одобрен во Јапонија за лекување на заразените со Ковид-19.