Бил Гејтс неодамна бил гостин на телевизијата „Блумберг“ каде што го прашале што мисли за тоа што Илон Маск го нарекуваат „новиот Стив Џобс“.

„Ако ги познавате лично, чудно e да се постават работите толку едноставно. Илон е повеќе практичен инженер, додека Стив беше гениј кога станува збор за човечки ресурси, маркетинг-дизајн“, рекол Гејтс.

Тој додал дека многу го почитува Илон Маск и неговата компанија „Тесла“, но и дека борбата против климатските промени е многу покомплицирана од производството на електрични возила.

Кога новинарите го прашале дали се преценети акциите на „Тесла“, Гејтс не сакал да коментира, но рекол дека тоа е повеќе тема за луѓето од берзата и дека нема апсолутно никаква врска со климатските промени.