Може да се каже дека YouTube прави се што е во негова моќ за што е можно поголем прој луѓе да ги префрли на YouTube Premium.
Освен што нон-стоп го прекинува гледањето на видеата со многубројни реклами, сега YouTube им ја укинува и една од омилените опции на корисниците.
Слика во слика, однозно приказот на видеа додека на екранот се прави нешто друго се укинува од iOS 14 оперативниот систем и оваа опција на iPhone уредите ќе биде достапна исклучиво кога ќе се активира YouTube Premium, односно кога ќе се плати за сервисот. Моментно Picture-in-Picture опцијата се уште им се појавува на iPad корисниците, но како што известува порталот The Verge, наскоро и тоа ќе биде променето.
iOS 14’s picture-in-picture mode doesn’t work with YouTube in Safari. ? pic.twitter.com/JwGLAmwhwb
— Jay Peters ? (@jaypeters) September 18, 2020
Пред или подоцна тоа ги очекува и Android корисниците, па мултитаскингот, односно користењето на повеќе опции истовремено ќе биде остварливо без гледањето YouTube видеа. Picture-in-Picture на YouTube не функционира ни преку интернет прегледникот Safari, ни преку YouTube апликацијата.
За среќа на Android корисниците – YouTube Vanded е решение за овие проблеми, бидејќ и речиси се работи за YouTube Premium без претплата, додека корисниците на iOS 14 ќе мораат да се навикнат да живеат без оваа опција или платат за неа преку споменатиот сервис.