Во сибирската област Јакутија се појавиле огромни израстови на површината на земата, која на тоа подрачје постојатно е замрзната.

Репортерот на BBC, Стив Розенберг отпатувал во сибирскиот регион Јакутија за да истражи какви се тие големи и чудни израстоци на површината на земјата која на тоа подрачје инаку е постојано замрзната.

Розенберг сакал да истражи како топењето на пермафростот влијае не само на климата туку и на пејзажот и животите на луѓето во Сибир.

Научниците веќе некое време предупредуваат дека огромните површини во Сибир, кои инаку се замрзнати во текот на целата година независно од годишното време, полека се топат. Последиците по климата би можеле да бидат многу опасни.

Имено, научниците веруваат дека топењето на пермафростот ослободува големи количини на гасови, кои би можеле уште повеќе да го влошат и онака акутниот проблем со климатските промени.

Овие израстоци на површината на земјата се опишуваат како „лузни на климатските промени”. Поради топењето на пермафростот дел од земјата пропаѓа пониско, со оглед на тоа дека некои од тие израстоци се полни со вода, последицата е создавање на големи езера.

Сето тоа е доказ дека порастот на температурата драстично ги менува сибирските предели.

За луѓето кои таму живеат ќе има многу конкретни последици – помалку површина за пасење на стоката, но и тешко движење поради големите израстоци.