Нетфликс најави документарец за најмладата личност која била крионички замрзната. Се работи за двегодишното женско бебе Материн, познато и по прекарот Ејнц, коешто боледувало од рак на мозокот.
Таа беше замрзната пред пет години, а нејзиниот татко Сахаторн Наоваратпонг, инаку тајландски будист, сега открива како се чувствувале тогаш тој и неговата сопруга Нарерат… Сега нивната ќерка е практично мртва, чекајќи да се појави технологија што може да го оживее и излечи детето, а којашто сѐ уште не постои.
– Срцето ми се бунтуваше. Можеби имаше шанса и без ова. Тешко ми беше да ја донесам таа одлука, но истовремено и морав да се држам до таа замисла, вели таткото.
Така нараторот со право прашува – дали девојчето навистина повторно ќе живее? – Иднината ќе покаже.
Поврзани артикли