Повеќе од 40 филмови во седум дена ќе донесе 19. издание на Фестивалот на Европски филм „Cinedays“, што годинава ќе се одвива во нов термин од 18 до 24 септември, наместо во редовниот термин во месец ноември.
Директорото на МКЦ, кој е организатор на фестивалот, Русе Арсов објаснува дека поместувањето на фестивалот од неговиот стандарден термин е со цел да се обезбеди континуитет на манифесатцијата и уживањето во прикажувањето и проследувањето на филмот на големото платно во услови на пандмија од коронавирусот, а за подготвениоста за тоа, вели потврда се над 100 настани организирани од МКЦ во изминатите три месеци.
– Не сме поддржувачи на онлајн варијантите на прикажување на филмските фестивали. Затоа собравме сили да успееме да го приажеме физички 19. издание на Синедејс. Ќе бидеме цело време надвор на отворено. Покрај стандардните локации за организција на кино на отворено тоа е МКЦ паркот, Градскиот парк и прв пат оваа година вклучуваме нова локација – Паркот Ибни Пајко. Покрај овие три главни локации секоја вечер ќе организираме и поп ап кина на разни локаци низ градот со цел да го нпаравиме цело Скопје – кино -платно за да уживаме во фестивалските седујм дена, рече Арсов.
Програмата за овогодинешниот 19. Синедејс како што информира Маргарита Арсова, програмски координатор на филсмкиот фестивал, е конципирана под мотото „Филм на секое платно“, а ќе се одвива во веќе познатите програмски целини меѓу кои се Гала програмата во која ќе можат да се видат десеттина најголеми остварувања по светскте фестивали годинава, дел од кои се откажаа а дел се реализиаа.. Селекцијата е на Бернд Будер, а ќе можат да се видат најновите филмови на Озон, Пуиу, Винтенберг, Срѓан Голубовиќ. Сине Балкан програмата, која сега се викаа SEE програма. која ќе понуди поглед на остварувањата од југоисточниот европски кинематографски регион.
– Годинава ќе бидат доделени само две награди – за најдобар филм во официјалната програма и најдобар филм во SEE програмата поради намалениот обем на филмови, но и намалениот буџет на фестивалот. Жирито годинава ќе биде состванео од Лабина Митевска, македонска продуцентка, Благој Веселинов актер и Кнут Естерман германски новинар и филмски критичар и догогодишен пријател на Фестивалот. По долги години првпат имаме и македонско отворање и затворање на фестивалот. На отворањето ќе го имаме филмот „Стела“ на Стојан Вујичиќ и „Хомо“ на Игор Иванов Изи, рече Арсова.
Продуцентот на „Стела“ Огнен Антов истакна дека станува збор за првиот македонски семеен детски игран филм. Тој со апел до надлежните за отворање на кината – да се вратиме што побзро во кино, затоа што културата е се само не е мртва.
Режисерот на „Стела“ Вујичиќ на прес-конференцијата истакна дека станува збор за филм за семејните вредности, кој е и автобиографски филм а мотивот е вели, дека секое дете има своја ѕвезда и има право да има семејство. Во насловната улога е кучето Стела, а главниот лик на 11-годишниот Никола го толкува Петар Маниќ. Во филмот настапуваат и Дејан Лилиќ. Христина Поповиќ, Тони Михајловски.
– Ова е филм за надеж. Секое дете може да си го најде своето место под Сонцето, Ова е во еден дел и автобиографски филм, деловите кога се распаѓа семејството па повторно се обединува, делови во кои мора да поминете низ некои премрежија, но со упорност и со желба да си го најдете местото каде ќе припаѓате. Дали е тоа семејство од еден родител, два родитела, или е нешто што вие го нарекувате семјство, битно е како вие ќе се чувствувате во тоа И намерно е избрано куче кое ќе го прифати детеето какво што е – едноставно чиста љубов, рече Вујичиќ, кој се заблагодари на целата екипа која работеше на филмот.
Во делот на поп ап киното, директорот на програмата на МКЦ Филип Николовски истакна дека филмови ќе се прикажуваат на сите локации каде некогаш во Скопје имало кино.
– Го враќаме филмскиот дух, го реставрираме условно кажано киното Напредок во Чаршија, киното во Маџари, во Влае, во Кисела Вода, и киното Градежници во „Кочо Рацин“. Како дел од оваа поп програма ќе имаме и „кино на кров“ како омаж на градското кино центар кое и денеска работи под МКЦ. Оваа програма ќе биде бесплатна и ќе се обиде да даде омаж на една скопска култура од пред 50-тина години кога имасе кина на сите овие локации, рече Николовски.
Подготвена е и музичката програма која ќе ја отвори Љубојна со концерт на кој ќе изведе дел од матреријалот од филмот „Стела“, а за крај е поместен настапот на ЗЏМ Колектив.
Билетите организаторите охрабруваат да се купуваат онлајн, како и на самиот влез на трите главни локации, а ќе бидат по цена од 100 денари, освен за проекциите за поп ап киното за кое бесплатани билети ќе може да се набават само онлајн.
Поради ситуацијата со ковид, бројот на билети е редуциран, а ќе се почитуваат протоколите за заштита од пандемијата. Во случај на дожд ќе биде навремено известено за промена на локацијата и терминот.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Агенцијата за филм на РСМ и од Град Скопје.