Фосфинот сугерира присутност на живот, а сега постои идеја дека постои живот и во облаците на Венера.
Се работи за целосно изненадувачко откритие на фосфин, што би можело да навести непознати процеси кои се случуваат на Венера. Ова отвора можност дека во облаците на Венера би можеле да се наоѓаат живи организмите.
Во списанието Nature Astronomy објавени се детали од набљудувањето на фосфин на Венера, како и истражување што е спроведено за да се проба да се покаже дека оваа молекула може да има природно, небиолошко потекло. Со оглед на се што знаеме за Венера и условите кои таму постојат, се уште никој не успеал да го опише абиотскиот пат до фосфинот, не во количините кои се откриени. Тоа значи дека животниот извор заслужува разгледување, објави BBC.
Во текот на целата кариера бев заинтересиран за потрага по живот некаде во вселената, така што едноставно сум воодушевен дека тоа е воопшто возможно“, истакна проф. Грејвс.
„Но, да, искрено ги поттикнуваме другите луѓе да ни кажуваат што сме можеле да пропуштиме. Нашата работа и податоци имаат отворен пристап, така функционира науката“, додаде тој.
Фосфинот сугерира присутност на живот, а сега постои идеја да постои живот во облаците на Венера, но засега се работи само за идеја. Фосфин е молекул што се состои од еден атом на фосфот и три атоми на водород. На Земјата фосфинот е поврзан со животот, со микроорганизми што живеат во цревата на животните како пингвините или во опкружувања сиромашни со кислород, како мочуриштата.
Поврзани артикли