Не добиваме често можност да видиме двајца истражувачи, бизнисмени, научници и филантропи, како јавно имаат судир на мислења.
Затоа останавме и малку шокирани кога ја видовме реакцијата на Eлон Маск на социјалната мрежа Твитер.
Имено, првиот човек на компаниите Tesla и Neuralink одговорил на прашањето на еден корнисник на Twitter. Тој побарал Eлон Маск да го прокоментира мислењето на Гетјс.
Еден од основачите на Microsoft дал свое гледиште за електричните возила. Истакнал дека поевтините и поквалитетни батерии може да направат електричните возила да бидат примамлива и пореална опција за сите возачи, но се сомнева во истрајноста на батеријата, посебно на подолги патувања.
„Електричната енергија функционира кога треба да минете кратки далечини, но нам ни е потребно поинакво решение за тешки возила на големи растојанија. Дури и со големите напредоци во технологијата на батериите, електричните возила никогаш нема да бидат практични решенија за товарни бродови и патнички авиони”, смета Бил Гејтс.
Гејтс ги пофалил произведувачите кои направиле целосно електрични камиони, како што се “ГМ”, “Форд”, “Ривиан” и “Болингер”, но заборавил да ја спомене Тесла, која го произвела Cybertrack.
Маск го прокоментирал мислењето на Гејтс за електричните возила, и многу кратко му одговорил на еден корисник на Twitter: „Тој не нема поим од ништо”.
He has no clue
— Elon Musk (@elonmusk) September 12, 2020
Ова не е прв пат двајцата милијардери да влезат во конфликт. Гејтс го критикувал Маск поради неточните коментари за пандемијата на коронавирусот.
Претходно Маск ги „подгреал“ страстите меѓу нив двајца кога открил дека воделе разговор во февруари оваа година, но дека тој бил многу разочаран, односно дека Гејтс не оставил никаков впечаток на него.
Извор: Mondo.rs