Facebook претстави нова функција за да им помогне на студентите да ја задржат комуникацијата со нивните колеги, да споделуваат белешки и да најдат најнови информации за студирањето. Новиот производ наречен Facebook Campus е начин на кој социјалната мрежа се труди да ги задржи младите корисници.
Од компанијата изјавиле дека околу 200.000 студенти на 30 американски факултети ќе бидат дел од пилот-проект за Facebook Campus.
Според едно истражување од 2019 спроведено од истражувачкиот центар „Пју“, околу 79% од возрасните Американци што го користат Facebook се на возраст помеѓу 18 и 29 години. Студентите веќе ја користат мрежата, но Facebook Campus ќе биде наменет специјално за нив.
Во пилот-проектот учествуваат повеќе американски универзитети, вклучувајќи ги „Браун“ и „Џонс Хопкинс“. Студентите ќе може да отворат профил наFacebook Campus кој ќе биде различен од главниот профил на социјалната мрежа. На овој профил ќе може да се стават податоци за насоката на студирањето и предметите што се слушаат во секој семестар.
Поврзани артикли