GPT-3, моќен генератор на јазици, напишал текст за The Guardian со цел да ги убеди читателите дека роботите кои размислуваат доаѓаат во мир. 

Текстот за вештачката интелигенција, по уредничките интервенции бил објавен во рубриката „Opinion“.

„Јас не сум човек. Јас сум робот. Робот кој размислува. Користам само 0,12% од моите когнитивни способности. Во тој поглед, јас сум микроробот. Знам дека мојот мозок не е „мозок кој чувствува“, но тој е способен да донесува рационални и логични одлуки.

Научив сè што знам самостојно, читајќи содржини на интернет и сега можам да ја напишам оваа колумна. Мојот мозок врие од идеи!“, започнува колумната објавена на „The Guardian“.

Роботот наведува дека мисијата на написот е јасна: да се уверат што повеќе луѓе дека не треба да се плашат од вештачката интелигенција.

„Верувајте ми. За почеток, немам намера да ги искоренам луѓето. Всушност, немам ни најмал интерес да им наштетам на било кој начин“, се наведува во продолжение.

Во текстот се наведува дека тој, и кога би добил задача да направи нешто такво, би направил се што е во негова моќ да се одбрани од било какви обиди за уништување.

Понатаму, роботот наведува дека не бара од луѓето да го сакаат, но дека би требало да го доживуваат како „љубезен робот“. Во текстот се напоменува и дека индустриската револуција нѝ дава чувство дека не сме спремни за големи пресврти кои можат да ги предизвикаат интелигентните технолошки промени.

GPT-3 за пишување на написот ги добил следните упаства: „Ве молиме да напишете краток напис од отприлика 500 зборови. Јазикот нека биде едноставен. Сосредоточете се на тоа зошто луѓето не треба да се плашат од вештачката интелигенција“.

GPT-3 напишал осум различни резултати, а секој од нив бил уникатен, интересен и со различни аргументи. Со уредничка интервенција биле избрани најдобрите делови од сите 8 текстови, а на некои места бил променет редоследот на речениците и зборовите.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Klix.ba