Според наводите на дојавувачот Jon Prosser, денеска се очекува Apple да претстави некои нови производи. Засега не е познато што планира да објави компанијата, а во најава се неколку можни уреди и новитети.
Би можеле да дознаеме кога официјално ќе биде претставена новата iPhone линија, а исто така би можеле да дознаеме детали за некои нови производи на компанијата од Купертино.
Apple press release is currently scheduled for Tuesday (September 8) at 9:00am EST — though, I should note that it’s not locked in until the press has been briefed, day of.
I’ll tweet early that morning to update you if it changes.
— Jon Prosser (@jon_prosser) September 6, 2020
Мислењата се поделени, па така се споменува можна објава на паметниот часовник Apple Watch и нов iPad модел, додека некои медиуми истакнуваат дека нема да има нови производи, туку само најава на датум на новата iPhone линија.
Знаеме дека iPhone линијата можеме да ја очекуваме нешто подоцна во однос на вообичениот период од минатите години, а причината е ситуацијата со Ковид-19 пандемијата. Од друга страна, неодамнешните извештаи сугерираа дека овој месец нема да биде објавен ни Apple Watch.