Приближно на секој 161 ден од вселената нѝ пристигнува мистериозен сигнал, а сега повторно се појавил.
Во јуни оваа година астрономите забележале брз радио сигнал попознат како FRB 121102, кој се повторува по иста шема и нѝ доаѓа од вселената. Ова е вторпат да биде откриен радио сигнал со препознатлива и повторувачка шема.
Првиот пат бил откриен во февруари оваа година, а астрономите предвиделе дека повторно ќе се појави во јули или август, и тоа навистина се случи.
FRB се радио сигнали со бранова должина помеѓу дел од милисекунда и неколку милисекунди. Научниците сè уште не можат да објаснат што претставуваат и зошто постојат, но изворот на овој сигнал е познат и тоа е џуџеста галаксија оддалечена од три милијарди светлосни години.
Првично се претпоставувало дека радио сигналот од вселената FRB 121102 се повторува на секои 157 дена, со оглед на податоците собрани во период од пет години, кои исто така се објавени во научната литература уште во јуни.
Во меѓувреме, била направена нова студија која треба да биде објавена и да го коригира временскиот интервал во кој се појавува сигналот FRB 121102 на Земјата, а сега тој интервал е 161 ден, плус или минус пет дена толеранција.
Бидејќи станува збор за сигнал што се повторува, научниците сега можат поефикасно да ја предвидат активноста, но и потенцијално да добијат нов увид во неговото потекло.
Првото истражување на FRB 121102 го спровел Каустуб Рајваде од Универзитетот во Манчестер и тој објаснува дека изворот на сигналот може да биде неутронска ѕвезда во споменатата џуџеста галаксија.
„Со оглед на краткото траење и големата осветленост на самите радио сигнали, добра претпоставка е дека станува збор за неутронска ѕвезда со многу силно магнетно поле“, рекол Рајваде.
Астрономите веруваат дека сигналот се појавил од природен извор.
„Мислам дека има природно објаснување за овие настани, но јас сум отворен за секоја теорија, па ќе одам дотаму каде што ќе ме однесат доказите“, изјавил за CNET астрофизичарот Адам Делер.
Извор: B92.net
Поврзани артикли