Windows 10 добива интегрирано GIF пребарување, подобрувања за внес на содржини/пишување со глас и други нови функции, според објавата на Windows блогот. Сите споменати функции моментно се во фаза на бета тестирање, а нивната вкупна цел е да ја подобрат можноста на системот да му помогне на корисникот во комуницирање преку гласот и текстот на уредите.
За да овозможи подобра реакција со помош на перфектен GIF, Windows 10 ќе овозможи брзо уфрлање на анимирани GIF-ови со внесување WIN + [.] и WIN + [;]. Селекцијата на GIF-ови од базата на Tenor ќе биде ажурирана со нови содржини, засновано на трендовите и хаштазите.
Пишувањето со помош на глас е претставено како нова и подобрена верзија на диктирање во Windows. Новата верзија е оптимизирана за користење со помош на touch тастатури, има автоматско додавање на знаците на интерпункција и друго. Со гласот е можно да се паузира чукањето или да се бришат одредени зборови.
Засега не е познато кога споменатите, но и други функции ќе им бидат достапни на корисниците кои не се бета тестери. Оние кои сакаат да ги испробаат претходно, тоа можат да го направат со вклучување во Windows Insider програмата.
Поврзани артикли