Оние кои сакаат да префрлаат фотографии и видеа од својот Facebook профил сега имаат повеќе опоции на располагање. Facebook сега на корисниците м овозможува да ги експортираат своите фајлови во Dropbox, Google Photos и ЕУ стартапот Koofr.
Facebook корисниците ширтум светот од јуни се во можност да ги префрлаат фотографиите на Google Photos. Овие промени се дел од поширокиот Data Transfer Project, чија цел е да им се олесни на корисниците преземањето и трансферот на податои помеѓу Facebook, Google, Microsoft и Twitter сервисите.
Споменатата цел, барем делумно ги задоволува и барањата на регулаторните тела. Преносливоста на податоците е барање за EU GDPR правилата за приватност, додека FTC подоцна во текот на септември ќе ги истражи потенцијалните предности и предизвици на преносливост на податоците.
Facebook истакнува дека корисниците ќе мораат повторно да ги внесат своите лозинки пред префрлањето на фајловите, а во текот на трансферот податоците ќе бидат енкриптирани. Компанијата исто така истакнува дека се потребни појасни правила кои податоци можат да се пренесуваат и кој е задолжен за нивната заштита.
За да се префрлаат фотографии и видеа од Facebook на Google Photos, Dropbox или Koofr потребно е да се избере „Your Facebook Information“ во подесувањата. Потоа се бира „Transfer a Copy of Your Photos or Videos”, се внесува лозинка, се бира дестинацијата и се потврдува трансферот.
Поврзани артикли