Ubisoft одлучи да ги почести гејмерите уште еднаш, а овојпат целосно бесплатно е понудена Tom Clancy’s: The Division.
Оваа видео игра со пост-апокалиптично сценарио можете да ја преземете до 8-ми септември, а кога ќе ја преземете на вашата uPlay корисничка сметка, играта засекогаш ќе остане во ваша сопственост.
Станува збор за игра од 2016-та година која одлично помина кај критичарите и гејмерите. The Division ве носи во Њујорк кој е погоден од епидемија и владее безаконие, а неодамна доби и свое продолжение.
Бесплатната Tom Clancy’s: The Division можете да ја преземете преку овој ЛИНК, а потребно е да се регистрирате и да направите uPlay корисничка сметка, која секако е бесплатна.