Lenovo јасно става до знаење дека GPU решенијата кои се фокусирани на гејминг не мораат да влијаат и на дизајнот, односно дебелината на лаптопот. Доказа за ова е најновиот Lenovo Legion Slim 7i.
Legion Slim 7i е 15-инчен модел, окаракеризиран како најлесен лаптоп на светот, кој во себе ја содржи Nvidia RTX графичката карта. Лаптопот има тежина од 1,80 килограми и поблиску е до ултрабук компјутерите со својата дебелина од 1,8 сантиметри.
И покрај овој складен дизајн, Legion Slim 7i имплементира моќен хардвер, кој ја вклучува RTX 2060 Max-Q графичката карта и Core i9-10980HK осмојадрениот процесор. Системот е можно да се опреми со опционален 144Hz 1080p или 60Hz 4K HDR екран.
Lenovo ветува и систем на ладење од најновата генерација, тастатура која повеќе механичка (со опционално RGB осветлување), како и голем број портови, меѓу кои се два Thunderbolt 3 конектори и два USB 3.2 Gen 2 порта.
Компанијата ветува до 18 часа работен век на 71Whr батерија. Ќе бидат достапни повеќе опции на меморија и простор за складирање, максимално до 32GB RAM и до 2TB SSD.
Lenovo Legion Slim 7i ќе се најде во продажба од октомври, по почетна цена од 1329 долари, со тоа што ќе чини значајно повеќе доколку купувачот се одлучи за RTX 2060 GPU, освеување од 144Hz и други напредни карактеристики.