Неодамна тајванскиот сајт Digitimes објави извештај дека најновиот iPhone ќе биде достапен во целосно нова боја. Според наводите на изворите, за прв пат Apple ќе понуди темносина (dark blue) опција на боја за iPhone 12 Pro, додека моделите од iPhone 12 линијата ќе продолжат да користат посветли бои.
Иако во се најскорешни гласини, не се целосно нови. Во јануари, дојавувачит Max Weinbach на Twitter прв сугерираше дека Apple ќе одлучи за темносина боја за својот следен iPhone 12 Pro модел, која ќе ја замени Midnight Green варијантата. Според овој извештај, YouTube каналот EverythingApplePro креираше рендери на споменатиот телефон, кои е можно да се видат на фотографијата.
Досега имавме прилика да слушнеме голем број информации за годинашната iPhone линија. Различните извештаи сугерираат дека телефоните ќе имаат sub-6 и mmWave 5G, ToF сензор, снимање на 4K видео @240fps, OLED дисплеи и нов USB-C Lightning кабел.
Исто така, се истакнува iPhone 12 Pro и Pro Max би можеле да имаат 120Hz Super Retina XDR дисплеј, 6GB RAM, 128GB, 256GB и 512GB складирање, тројни камери со LiDAR скенер. Од друга страна, одредени извештаи споменуваат дека iPhone 12 и iPhone 12 Max ќе имаат 60Hz Super Retina дисплеј, 4GB RAM, 128GB и 256GB складирање и две камери на задната страна.