Huawei го претстави својот најнов паметен часовник – Huawei Watch Fit, кој пристигнува со голем правоаголен екран, долг работен век на батеријата и бројни функции.
Huawei Watch Fit има 1.64-inčni AMOLED екран, со малки закривени рабови од сите страни. Часовникот е креиран од пластика и има едно копче од страната. Пристигнува во три бои и со четири различни ремени.
Watch Fit го користи Huawei Lite OS. Официјалната листа на спецификации не нуди детали за чипсетот, но се сугерира дека паметниот часовник го покренува Kirin A1 чипот.
Тука се сите функции кои можат да се очекуваат од паметен часовник: прилагодливи позадини, голем број модови за вежбање и тренирање, вграден GPS сензор, SpO2 мерач, сензор за следење на работата на срцето. Часовникот ги следи и навиките во текот на спиењето, менструалните циклуси, нуди вежби кои помагаат во намалувањето на стресот, прикажува известувања од телефонот, ја контролира музиката и друго.
Huawei ветува десет дена вообичаено користење и седум дена напредно користење со едно полнење на батеријата. Константната употреба на GPS ќе ја испразни батеријата за 12 часа.
Huawei Watch Fit е достапен во Graphite Black, Sakura Pink и Mint Green варијанти, а цената ќе биде позната од 3. септември.
Поврзани артикли