Популарната апликација за видео повици, Zoom забележа скок на приходите и повеќе од двојно зголемена заработка во второто тримесчје. Проценките говорат дека тоа е поради корона-кризата што ја зголемила побарувачката за овој вид услуга.
Приходите на компанијата се зголемени за 355 отсто, на 663,5 милиони американски долари.
Акциите на Zoom вчера достигнаа рекордно високо ниво, затворајќи го тргувањето на 325,10 американски долари. Претходно оттаму предвидуваа годишни приходи од 1,78 до 1,80 милијарди долари, па тој параметар скокна до распонот 2,37 – 2,39 милијарди долари.
Клучот за успехот на Zoom лежи во привлекувањето повеќе високобуџетни корпоративни клиенти кои плаќаат за услугите, наспроти оние кои ги користат бесплатно. Според извештаите на компанијата, бројот на клиенти-компании коишто оствариле приход од над 100.000 американски долари лани – се зголемил двојно, на 988 во второто тримесечје годинава.
Поврзани артикли