Според најновите информации, GoPro планира да ја прошири корисничката публика на своите Hero акциски камери, а овој пат фокусот е на влогерите.
Сајтот WinFuture тврди дека има фотографии од Hero 9 Black камерата, што го покажуваат предниот екран во боја, наместо вообичаениот монохромен дисплеј, кој прикажува само статистика/податоци. Иако не е позната конкретната функција на овој дисплеј, тој би можел да биде користен за преглед на содржини во живо, што би им било од помош на видео блогерите.
Новата Hero камера, според наводите, ќе поддржува 5K video, иако не се достапни деталите како што е фрејмрејтот. Не е познато ни кога Hero 9 Black ќе се појави на пазарот, ни колку ќе чини, под условот да се точни споменатите гласини.
GoPro своите претходни објави на новите уреди ги темпираше за доцно лето или почеток на есента, така што можеби не делат неколку недели од објава на нова акциска камера.
Поврзани артикли