На почетокот на месецот во Русија е регистрирана првата вакцина против коронавирусот.
Испораката на вакцината за Ковид-19, „Sputnik V“ во големи партии ќе почне во септември, истакна министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко.
„Што се однесува до вакцинацијата против коронавирусот, во тек е зголемување на производството и пострегистрациско посматрање. Прес се, вакцината ќе им биде испорачана на медицинските работници и педагози. Вакцинацијата ќе биде апсолутно доброволна. Првите испораки на големи партии ќе почнат во септември.
Мурашко додаде дека оваа фаза на вршење клинички тестирања или регистрација се наоѓаат уште неколку вакцини против корона.
„Затоа мислам дека максималното производство ќе го достигнеме во ноември-декември. Ќе мораме да ја раздвоиме вакцинацијата против грип и коронавирусот“, заклучни министерот.
Мурашко соопшти дека веќе се пријавени повеќе од 2.500 до 40.000 доброволци за учество во третата фаза на тестирање на вакцината „Sputnik V“.
Да потсетиме, на почетокот на месецот во Русија беше регистрирана првата вакцина против Ковид-19. Вакцината помина две фази на тестирање и и претстои уште третата.