Министерството за одбрана на Америка прв пат официјално и експлицитно потврди дека се занимава со испитување на „неидентификувани воздушни феномени”.

Американската војска испитувала, а и натаму ги испитува појавите на неидентификувани летачки објекти (НЛО), прв пат призна Пентагон.

Во таа потрага по можни вонземски летала се занималава тајната иницијатива при Министерството за одбрана на САД наречена Напредна програма на идентификација на закани во воздушниот простор (AATIP), која е угасена во 2012 година.

„Министерството за одбрана испитуваше и истражуваше неидентификувани воздушни феномени. Тоа го правиме и понатаму. Мораме да ги идентификуваме сите летала кои операираат во нашиот воздушен простор, но и да идентификуваме било какви надворешни активности, кои можат да бидат закана по нашата татковина. Министерствоти ќе продолжи да ги испитува, иако во нормални процедури, сите извештаи за неидентификувани летала со кои се среќаваме, а се за да спречиме било какво стратешко изненадување на нашите непријатели”, истакна за „Њујорк пост”, Кристовер Шервуд, портпарол на Пентагон.

Ник Поуп, бившиот британски офицер задолжен за испитување на НЛО, вели дека ова е бомбастично признание.

„Официјалните лица секогаш биле внимателни во објаснувањата да истакнат дека ја испитуваат само следната генерација авиони, проектили и дронови. Ова признание јасно укажува на тоа дека што јавноста го нарекува НЛО. Секако, поради товарот на тој термин, ја искористиле конструкцијата неидентификувани воздушни феномени”, изјави тој.