Експертот на Светската здравствена организација (СЗО), Марија Ван Керхове предупреди дека многу луѓе ја потценуваат важноста на физичкото растојание, што го зголемува ризикот од зараза со коронавирусот.
Само носењето маски не е доволно за да се спречи ширењето на коронавирусот, рече Керхове, додавајќи дека луѓето треба да одржуваат безбедно растојание едни од други.
– Гледаме дека луѓето повеќе не се придржуваат до физичкото растојание, рече таа на прес-конференција на СЗО.
– Дури и ако носите маска, сепак треба да се обидете да држите физичко растојание од најмалку еден метар и уште повеќе, ако е можно, предупреди таа.
СЗО подготви список на мерки за спречување на ширењето на заразата, од кои најважни се: носење маски, одржување на физичко растојание и често миење на рацете и дезинфекција.
– Само маската не е доволна. Ниту само држењето на растојание. Ниту само дезинфицирање на рацете и одржување на висока лична хигиена. Правете ги сите три работи во исто време, истакна Керхове.
Поврзани артикли