Производниот менаџер на Poco брендот е се поактивен во објавата на карактеристиките на Poco X3 телефонот. Потврдено е дека Poco X3 ќе има 64MP главна камера, а објавен е и првиот пример на фотографија креирана со овој смартфон.
За жал, квалитетот на фотографијата е редуциран, но камерата би требало да креира 16MP фотографии со pixel binning. Исто така, можно е да се види дел од корисничкиот интерфејс на камерата.
Укажано е на уште една карактеристика, а тоа е дека батеријата на Poco X3 телефонот ќе може до врв да се наполни за 65 минути. Останува да се види дали уредот ќе пристигне со 33W полнач, како што сугерираа претходните гласини.
Менаџерот на Poco брендот истакна дека во следниот период ќе бидат споделени уште детали за Poco X3 телефонот.