Компанијата LG поради пандемијата на корона вирусот произведе прочистувач на воздухот кој се става на лице како маска.
Електричниот прочистувач на воздухот се става на главата, односно на лицето и го прочистува воздухот пред да дојде до белите дробови.
Станува збор за уредот PuriCare Wearable Air Purifier, кој има два вентилатори и два филтри. Вграден е и рспираторен филтер кој открива колку брзо и колкав волумен дишете и так ја прилагодува брзината на вентилаторот.
LG очекува дека луѓето ќе го носат уредот со саати, а батеријата од 820 mAh му овозможува да трае до 8 часа со едно полнење. Различни системи во уредот овозможуваат лесно дишење без напор.
Кога не се носи, маската се става во куќиште со ултравиолетова ЛЕД светилка која ја дезинфицира додека се полни. Маската може да се поврзе и со смартфон така што корисникот добива известувања кога е потребно да се заменат филтрите. Од LG нагласија дека секоја компонента може да се замени, но и да се рециклира. Цената засега не е позната.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли