Руски научници подготвуваат единствена вакцина која истовремено ќе штити и од грип и од коронавирус, сооштил генералниот директор на Националниот медицински истражувачки центат „Алмазов“, Евгениј Шлахто.
Според неговите изјави, на тој проект работат неколку групи научници.
„Тоа ќе биде комбинирана вакцина. Ќе содржи компоненти кои ќе овозможат да се формира имунитет на грип и коронавирусот“, рекол Шлахто за локална телевизија.
Се истакнува дека вакцината е во почетна фаза од развојот, дека претстојат тестирања на животни и цела низа клинички тестирања. Притоа, веќе се забележани позитивни резултати.
Да потсетиме, Русија на 11-ти август прва во светот регистрираше вакцина против коронавирусот. Вакцината ја направиле од центарот „Гамалеј“ и Министерството за одбрана на Русија.