Нашиот автомобилист Ристо Вуков Рико, македонски шампион и шампион во Отвореното првенство во Србија, добива се подобри позиции на пласманите и трките во рамки на Порше Карера Купот со својот тим ГДЛ Рејсинг. Изминатиот период по воведните два одлични настапи во Муџело и Мизано, Рико се подготвува за возење на легендарната стаза Имола во Сан Марино.
„Дисциплината, вниманието и истрајноста се дел од одликите кои се важни за добри резултати и повисоки достигнувања. По извозените трки и освоени 7 бода, внимателно се подготвувам за новата трка на стазата Имола во Сан Марино. Брзата стаза ќе ја возам со посебен однос и почит, но уште повеќе сигурност бидејќи Халк Осигурување застануваат позади мене и овозможуваат сигурност која ми дава поттик за подобри успеси“ изјави Рико.
„Се повеќе ја разбираме потребата за заштита од ризици, осигурување за себе, семејството, имотот, работата и се повеќе наши клиенти се одлучуваат да градат партнерски односи на долги патеки. А, ние во Халк Осигурување сакаме да помогнеме да живееме бар со една грижа помалку. Оттука и поддршката која Халк Осигурување ја обезбедува за Рико. Осигурувањето кое е нужно за природата на неговата професија, чести патувања, здравје, автомобилско и каско осигурување и многу повеќе се сегмент за кој знаеме дека е потребна грижа во која Халк Осигурување нуди олеснување.“ изјавија од Халк Осигурување.
На 29.08 (сабота) на трката во Имола посакуваме брзина, сигурност и повисоко место на таблата со повеќе поени, а ние ќе го бодриме и гледаме на нашите мали екрани – додадоа од Халк Осигурување.
Поврзани артикли