Британско-француската компанија за клиничка дијагностика Новацит (Novacyt) започна производство на тест којшто го разликува коронавирусот од обичниот грип.
Имено, тестот „Винтерплекс“ (Winterplex) препознава два гена специфични за Ковид-19, како и гени кои детектираат грип од типот А и Б и респираторниот вирус РСВ.
– Веруваме дека „Винтерплекс“ е првиот одобрен тест што го разликува Ковид-19 од вообичаените респираторни заболувања, рече директорот на Новацит, Грејм Малис.
Новиот тест е еден од многуте производи од ПЦР тип кои се веќе на пазарот. ПЦР е главниот метод на тестирање во многу земји. Тој ја открива болеста со множење на генетскиот материјал до точката кога научниците можат да го детектираат вирусот.