На Московскиот државен технички универзитет „Бауман” е развиена технологија за промена на структурата на мразот. Сега замрзнатата вода може да се користи при изградба на аеродромски писти на Арктикот.

Како што изјави проректорот за економија и иновации на универзитет Евгениј Сторожук, на оваа тема се водат преговори со Министерството за одбрана на РФ. На војската ѝ е потребно во овој регион да слетуваат тешки транспортни авиони Ил-76.

Сторожук ја објасни технологијата за изградба на аеродромски писти од мраз: на површината се нанесуваат хемиски реагенси од специјален тип. Цврстината и појавата на пукнатини ќе ги детектираат сензорите кои се наоѓаат во длабочината на мразот. Исто така, се разгледува можноста ледената површина во случај на топло време да се одржува со додавање реагенси или дополнително замрзнување.

Извор: Russia Beyond