Во претходниот период имаше доста гласини од изворите кои тврдеа дека имаат сознанија за целосно нов модел на Nintendo Switch конзолата. Една од тие гласини се испостави како точна, кога во текот на 2019. година ја видовме објавата на Switch Lite моделот. Новите информации сугерираат дека Nintendo се подготвува за производство на нов Switch модел, кој ќе се појави на почетокот на 2021. година.
Economic Daily News од Тајван сугерира дека новата верзија на Nintendo Switch ќе понуди подобрена интерактивност. Ова укажува на преработени Joy-Con контролери, а би можел да пристигне и дисплеј со повисок квалитет.
Изворите на овие информации, според наводите, биле вклучени во производството на SSD складирањето, контролерите и другите сектори за производство за Nintendo. Засега не е можно да се верификува веродостојноста на овие информации.
Ова не е прв пат да се споменуваат информации за нов Switch модел. Премиум Switch Pro уредот се спомнуваше уште во текот на 2018. година, само една година по објавата на оригиналната конзола. Сепак, Nintendo не се огласи официјално по ова прашање.