Најновиот додаток на линијата монитори на компанијата MSI е закривениот, гејминг модел – Optix MAG342CQRV. Мониторот има 34-инчен UWQHD панел, со 3440 x 1440p резолуција, 1ms одзив и 100MHz освежување. Осмобитниот панел на мониторот нуди контраст од 3000:1, а тука е и закривеноста од 1500R, агли на гледање од 178 степени и покриеност од
89,48% и 112,2% за DCI-P3 и sRGB спектарот на бои.

Optix MAG342CQRV е компатибилен со MSI Mystic Light, што значи дека е можно да се синхронизира RGB LED кругот на задната страна на мониторот со другите Mystic Light компатибилни производи. Мониторот има поддршка за Night Vision, кој ги истакнува фините детали во темните областу, а тука е и поддршката за Adaptive Sync и Anti-Flicker технологиите.

Од приклучоците, мониторот користи DisplayPort 1.2, HDMI 1.4 порт и HDMI 2.0 порт, а тука е и 3,5 милиметарскиот приклучок. MSI не објави информации за цената и достапноста на MSI Optix MAG342CQRV мониторот.