Најновото истражување на аналитичката компанија Counterpoint покажува дека Apple Watch и натаму е најпопуларен паметен часовник, со уддел од 51,4 проценти од вкупниот пазар.
Статистиката за првата половина на 2020. година покажува дека Apple напредувал во однос на истиот период минатата година, кога држеше 43,2 отсто од пазарот на паметните часовници.
Најбараниот паметен часовник во текот на првата половина од оваа година е Apple Watch Series 5, по кој следуваат Series 3 и Huawei Watch GT2. Samsung Galaxy Watch Active 2 е на четвртото мести, а потоа на петтата позиција го имаме Imoo Z3 4G.
Се истакнува и дека Apple watchOS доминира на пазарот кога се во прашање оперативните системи за паметни часовници, додека Google Wear OS покренува само 10% паметни часовници на пазарот.
Се олекува дека Apple во текот на есента ќе го претстави Watch Series 6, кога ќе го видиме и новиот watchOS 7 оперативен систем.