Тој верува во способноста на науката дека токму таа „ќе нè извади од оваа дупка“ но заклучува и дека не смееме да веруваме во тоа дека таа нивна способност ќе се случи за неколку седмици или пак месеци.
Водечкиот здравствен експерт од Англија, смета дека ефектна и безбедна вакцина против Ковид-19 нема да биде создадена пред зимата 2021 година, пренесува „Sky News“.
Професор Крис Вити изјавил дека на зима ќе се соочиме со големи проблеми со Ковид-19, и дека Велика Британија, како и целиот свет треба да престанат да се надеваат дека вакцината наскоро ќе биде достапна.
Наместо тоа, тој навел дека разумната шанса вакцината да биде достапна е зима, 2021/2022 година.
„Секако дека би бил воодушевен да биде готова и порано од тоа, но би бил изненаден да имаме ефектна вакцина за масовна употреба пред крајот на оваа зима“ – изјавил професорот.
„Голем број од луѓето наголемо завршија голема работа во поглед на науката и логистиката за овие мои песимистички тврдења да бидат негирани, но прво мора да докажеме дека вакцината е безбедна и ефикасна, а за тоа треба време.
Доколку подлабоко погледнеме во 2021 година, мислам дека шансите се многу пореални, отколку за шест месеци. Би било непрофесионално и нелогично да ја планираме зимата 2021 година врз основа на вакцината. Треба да ја планираме врз основа на тоа што сега го имаме“ – смета Вити.
Извор: Telegraf.rs
Поврзани артикли