Од март 2014 година, кога дојде до присоединувањето на Крим со Русија, се бележи исклучително силна извидувачка активност на НАТО на јужните граници на РФ. На овој простор единиците за ПВО на руската армија за претходните 12 месеци детектираа околу 78 илјади воздушни објекти.

ПВО-единиците на руската армија за претходните 12 месеци на своите јужни граници детектирале околу 250 извидувачки авиони и беспилотни летала, истакна командантот на 4. армија на ВВС и ПВО генерал-мајор Николај Гостев во интервју за „Краснаја Звезда“.

„Од март 2014 година, кога дојде до присоединувањето на Крим со Русија,, бележиме засилена извидувачка активност на нашите јужни граници. Единиците на противвоздухопловната одбрана на руската армија само на овој дел од државната граница на годишно ниво просечно откриваа околу 250 различни извидувачки авиони и беспилотни летала“, рече рускиот генерал, додавајќи дека станува збор за претежно американски извидувачки авиони EP-3E „Ариес“ и P-8A „Посејдон“, како и за стратешки извидувачки беспилотни летала RQ-4В.

Гостев додаде и дека во 2019 година единиците на ПВО откриле и следеле околу 78 илјади различни воздушни објекти. „Дежурните ловечко-пресретнувачки ескадрили реализираа околу 70 полетувања заради пресретнување и спроведување на извидувачките авиони на НАТО кои премногу блиску им се приближија на нашите граници“, рече командантот на 4. армија на ВВС и ПВО генерал-мајор Николај Гостев.

Извор: Russia Beyond