Samsung кај Wi-Fi Alliance сертификуваше нов уред, со ознака на модел SM-F415F/DS. Првата бука “F” во името означува “foldable” (флексибилен). Galaxy Fold имаше ознака F900, додека Z Flip беше F700. Што можеме да очекуваме со смартфон од 400 серијата?
Новите гласини сугерираат дека Samsung можеби работи на нов Lite модел нa Galaxy Fold. Телефонот можеби нема да биде дел од понудата од средниот сегмент, но можеби нема да биде ни скап колку останатите флексибилни уреди. Се верува дека Samsung ќе ја задржи цената на овој уред околу 1000 долари, а би можел дури и да имплементира процесор кој не е премиум или најнов модел.
Можно е дека тука се работи само за груби нагаѓања, а едно од најважните прашања е дали телефонот ќе пристигне со преклопен дизајн или ќе го задржи дизајнот на оригиналниот Fold модел. Wi-Fi сертификацијата не открива други детали за уредот, со исклучок на фактот дека уредот нема да поддржува Wi-Fi 6.