Google веќе го претстави Pixel 4A, а сега се чека доаѓањето на Pixel 5 и Pixel 4A 5G.

Pixel 5 заедно со Pixel 4A 5G најверојатно ќе стигне во почетокот на октомври, а сега се појавија рендерите кои откриваат некои детали за новиот уред.

Нема некои големи изненадувања – на рендерите се гледаат две задни камери, блиц и засега непознат сензор, како и сензор за отпечаток од прст. Напред има селфи камера сместена во вдлабнатина во горниот лев агол на екранот.

Има различни информации за екранот на Pixel 5. OnLeaks тврди дека големината ќе биде меѓу 5,7 и 5,8 инчи, односно помал или еднаков на екранот на Pixel 4A.

Од друга страна Android Central смета дека Pixel 5 ќе има 6-инчен OLED екран со фреквенција на освежување од 90Hz, што има повеќе смисла, бидејќи уред со 5,8-инчен екран би бил помал во однос на уредите со кои ќе се „бори“ на пазарот, како Samsung Galaxy S20 кој има 6,2-инчен екран.

Се шпекулира дека Pixel 5 ќе го напојува батерија од 3.080 mAh, а Android Central тврди дека ќе биде поголема од онаа во Pixel 4.

Сите извештаи наведуваат дека ќе има Snapdragon 765G процесор што поддржува 5G мрежа, но за нијанса поинфериорен во однос на Snapdragon 855 во Pixel 4. Уредот ќе има 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија, ќе поддржува 15W Qi безжично и 5W реверзибилно полнење.

Извор: Klix.ba