Претстојната Mate 40 серија смартфони на Huawei е сертификувана, со ознаките на модели OCE-AN00, NOH-AN00 и NOP-AN00, од кинескара TENAA агенција. Се очекува дека теелфоните на пазарот ќе се појават како Mate 40, Mate 40 Pro и помоќната верзија на Pro моделот (можни се Pro+ или Porsche Edition).
Појавувањето на уредот на TENAA листингот е добар знак дека се приближува објавата на Mate 40 серијата, иако целосните спецификации на уредот моментно не се познати. Се верува дека Huawei Mate 40 серијата ќе ја покренува Kirin 9000 5G čipset, чија објава се очекува во текот на IFA 2020 саемот во септември.
Неодамна дојавувачот OnLeaks објави CAD рендери за Mate 40 и Mate 40 Pro, кои покажуваат OLED панели со зактривени рабови. Двата телефона имаат двоен punch-hole отвор, што значи дека ќе користи две селфи камери.
Се истакнува дека Mate 40 ќе има 6.4-инчен дисплеј, додека Mate 40 Pro ќе има екран од 6,7-инчи. На задната страна ќе се најдат кружниот модул за камерите, со три сензори за Mate 40 и четири камери за Mate 40 Pro моделот.