MSI ја објави достапноста на својата Creator 15 серија лаптопи, која е наменета за креативните професионалци на кои им е потребен моќен хардвер во пренослива форма. Creator 15 серијата е достапна во широк спектар различни GPU опции, како и со избор на тачскрин или 4K панели.
Creator 15 моделот со екран осетлив на допир овозможува побрза и поинтуитивна навигација, вклучувајќи побрзо скролање, pinch-to-zoom и други команди со движења. Од друга страна, 4K верзијата на лаптопот пристигнува со графичка картичка до Nvidia GeForce RTX 2080 SUPER моделот, што ќе им одговара на оние кои работат со фотографии со високи детали.
MSI Creator 15 лаптопите имаат алуминиумски куќишта, користат Cooler Boost технологија за ладење на хардверот, имаат True Pixel дисплеј и 100% покриеност на AdobeRGB спектарот на бои.
Хардверските опции го вклучуваат Intel Core i7-10875H од десеттата генерација, GeForce GTX 1660Ti GDDR6 до GeForce RTX 2080 SUPER Max-Q GDDR6 GPU, 15.6-инчен 4K UHD IPS или 15.6-инчен FHD, IPS тачскрин дисплеј. Достапна е до 64GB DDR4-3200 RAM меморија во два слота, M.2 SSD складирање, 99.9 Whr батерија, 2 × 2W Duo Wave звучници и друго.
MSI Creator 15 серијата лаптопи е достапна по почетна цена од 1599 долари.