Huawei во Кина за деловна примена го подготвува својор прв десктоп компјутер, што ќе се темели на 24-јадрен и 7-нанометарски Kupeng 920 процесор.
Додека во светот има проблеми поради американските санкции, компанијата Huawei одлично работи на домашниот пазар. Наскоро во Кина Huawei има во план да го претстави својот прв десктоп компјутер, кој ќе добие генеричко име Qingyun W510.
Новиот компјутер на Huawei ќе го произведува Foxconn, a во продажба судејќи според рендерите ќе се појави заедно со монитор, глувче и тастатура. Станува збор за компјутер кој ќе се користи за работа и е наменет за употреба во тамошните државни служби, како и во приватните компании. На него нема да може да се инсталира Windows, туку само локалниот оперативен систем UOS.
Компјутерот ќе се базира на 7-нанометарски Kupeng 920 3211K процесор со 24 процесорски јадра со такт од 2,6 GHz кои нема да може да се менуваат. Куќиштето е компактно и содржи 3 USB портови (Type A), LAN приклучок, VGA приклучок и приклучок за слушалки. Уредот се очекува наскоро да се појави на пазарот, иако се уште нема официјален датум.
Извор: Bug.hr