Конзолите Xbox Series X и PS5 се направени со најсоверемените процесори, за да можат да ги поддржуваат видеоигрите што бараат најмногу.
Додека чекаме на уште вести за нив и нивните неверојатни способности, еден помалку познат процесор веќе ги „оддува“ според силата.
Во прашање е Cerebras Wafer Scale Engine Generation 2, огромен процесор со големина на чинија, кој се состои од 850.000 јадра и 2,6 билиони транзистори. Иако овој џин дизајниран за супер-компјутери можеби наизглед нема никаква врска со претстојните конзоли од новата генерација, работите сепак стојат малку поинаку.
Cerebras Wafer Scale Engine Gen2 7nm 2.6T Transistors https://t.co/d39ENrj6Hs pic.twitter.com/UBzUV5Zaz2
— Winson Tang (@winsontang) August 19, 2020
Овој чип тука, како и оние кои овозможуваат работа за Xbox Series X и PS5, ги направи компанијата TSMC, користејќи исто процес од 7 нм. Затоа, може да се каже дека сите тие се „роднини“.
Главната разлика секако е во големината, па така отприлика за да добиете иста сила како Cerebras, би ви биле потребни околу 106.000 конзоли од новата генерација.