Не се очекува дека во некое поскоро време ќе биде комерцијално достапна опцијата целосната листа на Netflix филмови да се преземе за само неколку секунди, но се поблиску сме до тоа. Рекордот за најголема брзина на интернет во светот сега изнесува 178 терабити во секунда (Tbps), што е 178.000.000 мегабити во секунда.
Само за споредба, моментно најбрзиот интернет кој им е достапен на потрошувачите е во Јапонија и изнесува 10 Gbps. Дури и конекцијата која ја разви Energy Sciences Network од САД нуди максимална брзина од 400 Gbps.
Инженерите од KDDI Research од Универзитетот во Лондон и Xera развија нови технологии за даовозможат проток на поголем број податоци преку постоечките оптички влакна. Најголем дел од актуелната инфраструктура е способен за проток до 4.5 THz, а некои нови технологии ова го подигнаа и на 9 THz. Новиот систем ги подигнува брзините на 16.8 ТHz.
Новиот Geometric Shaping (GS) го овозможува споменатиот проток, а хибридниот систем е резултат на различните комбинации на постоечките технологии за зголемување на протокот.
Со оглед на тоа дека системот го користи постоечкиот систем на оптика, интегрирањето на новата технологија не би требало да биде претешко, а се очекува дека ќе биде и поевтино во споредба со другите експериментални истражувања на ова поле.
Поврзани артикли