За пирамидите, како и да звучи тоа, не знаеме речиси ништо. Почнувајќи од тоа како се направени, кој ги заправил и зошто…
Која им е функцијата, се што модерната наука тврди и понатаму е под сенка на мистеријата, со многу прашања на кои што нема никакви одговори.
Дали сте знаеле за еден интересен експеримент кој што бил направен во доба на СССР, кон крајот на 40-те години на минатиот век, а се правел на некој Институт кој што требало да ги докаже ”посебните својства на пирамидите“, прецизно кажано обликот на пирамидите.
На идејата тамошните научници дошле набљудувајќи ја структурата на Големата пирамида во Гиза, како и сите оние кои што биле направени така што нивната висина е еднаква со должината на страните, а сите мора да бидат паралелни со северот и југот.
Тие воочиле дека одајата во која што било сместено телото на фараонот секогаш е на исто место.
Тие исто така откриле дека во некои од одаите биле пронајдени семени растенија, исушени лисја кои што биле совршено сочувани, сребро, злато…
Покрај тоа, се покренале шпекулациите дека доколку жилет ставите во реконстуираната пирамида од Гиза, на местоот каде што е погребан фараонот, жилетот ќе се наостри.
Исто така имало тврдење дека млекото кое што се става во пакување во облик на пирамида не може да се расипе и дека само лесно се претвора во јогурт.
Поголемиот дел од намирницте кои што се ставени во пирамидите нема да се расипат туку ќе се исушат.
Цвеќињата кои што биле оставени во пирамидите ќе траат многу повеќе таму отколку во ваза, а кога ќе се исушат ќе изгледаат како кога биле свежи.
Загадената вода по одредено време во пирамидите станува питка, а семето многу побрзо р’ти од вообичаено, дури и без полевање.
Сето тоа советските научници сакале да го проверат.
Наводно експериментот траел неколку години. На крајот кога ги претставиле резултатите од експериментот еден од водачите на проектот едноставно рекол:
„Не успеавме ништо да докажеме. Но, треба да правите пирамиди“.
Не многу долго на пазарите низ Европа и САД се појавиле острач за жилети во облик на пирамиди, а шведската компанија ги преплавила пазарите со своите производи во облик на пирамида во кои што се продавало млеко, јогурт…
За некои од богатите луѓе биле правени посебни пирамиди во кои што престојувале, а некои од нив тврдат дека им биле излечени зглобовите, мигрената…
Извор: Srbija Danas
Поврзани артикли