На форумот „Армија 2020“ ќе биде претставено оружје кое има можност за синхронизација со гаџети. Најавата ја прикажа концернот „Калашников“.
„Смарт-пушката“ е конструирана врз база на пушката МР-155 со мазна цевка. Модифицираната верзија го доби називот МР-155 Ultima. Новитет се разликува од претходниот модел според можноста за синхронизација со гаџети, но и според посовремениот дизајн.
Полуавтоматската ловечка пушка МР-155 се појави на пазарот на оружје 2017 година. Од претходната верзија МР-153 се разликува по помалата тежина, посовремената ергономија, регулаторот на стрелба и помалиот трзај.
View this post on InstagramA post shared by Дмитрий Тарасов (@d.v.tarasov) on
Извор: Russia Beyond