Компанијата SpaceX шести пат ја лансираше и ја спушти истата Falcon 9 ракета, што е рекорден број успешни мисии.
SpaceX лансираше нова група сателити, кои се дел од интернет мрежата Starlink, а ја искористи својата проверена ракета Falcon 9.
Ова лансирање е посебно поради тоа што се работи за рекордно шесто лансирање и успешно спуштање на ракетата, а постои можност истата ракета да се користи и седми пат.
Сите сателити, вкупно 58, успешно се доставени во саканите орбити. Покрај нив, во врвот на ракетата беа и три мали сонди, а се работи за SkySat сателити за опсервација на Земјата со која управува компанијата Planet.
Ова е втор пат SkySats сателитите да се лансирани во склоп на мисијата Starlink, бидејќи тоа прв пат се случи во јуни. Типичните Starlink мисии подразбираат лансирање на вкупно 60 сателити.
Досега SpaceX лансираше речиси 600 сателити од Starlink мрежата, а целта е да се креира глобална констелација за да се овозможи покриеност на интернетот од орбитата. Бета тестирањето за мал број на корисници е наводно во тек, објави The Verge.
Поврзани артикли