Motorola Razr 2020 (или Razr 5G во зависност од изворот) ќе има малку поголема батерија и подобрена опција на полнење во однос на својот претходник. Според наводите од TUV Rheinland сертификатот, флексибилниот телефон од втората генерација ќе има 2633mAH батерија со можност за полнење до 18W.
Razr 2020 има две ќелии на батеријата (по една во двете половини на телефонот): LS30 има капацитет од 1180mAh, додека LS40 има капацитет од 1453mAh. Razr 2019 имаше 2510mAh батерија со поддршка за 15W полнење,
Motorola Razr 2020 пристигнува на 9. септември, а ќе има Snapdragon 765G чипсет, 8GB RAM, 256GB простор за склаирање, како и нова 48MP Samsung Quad-Bayer главна камера и 20MP селфи камера. Дисплејот би требало да остане ист од 6,2-инчи или ќе биде зголемен на 6,7-инчи.