Lenovo најави пет нови лаптопи и конвертибилни модели од своите Yoga 6 и Yoga 7 линии. Од преклопните лаптопи тука се Yoga Slim 7i, Yoga Slim 7i Pro и Yoga Slim 7 Pro. Конвертибилните модели ги сочинуваат Yoga 7i и Yoga 6. Сите лаптопи со суфиксот “i” во името пристигнуваат со Intel процесори, додека стандардните модели имаат AMD процесори.
Една нова функција на серијата 7 е Lenovo Smart Assist, која го покренува компјутерот кога ќе се подигне горната страна на уредот. Тука се и Privacy Alerts известувањата кога некој гледа во екранот преку вашето рамо, благодарение на Glance by Mirametrix. Лаптопите пристигнуваат и со Amazon Alexa поддршка за гласовна асистенција.
Yoga Slim 7i е меѓу првите лаптопи кои пристигнуваат со 11. генерација Tiger Lake процесори на Intel, кои ќе ги вклучуваат и новите Xe графички картички. лаптопот е тенок 13,9 мм, а има Dolby Atmos звук и наменет е за оние кои сакаат имерзивно аудио-видео искуство.
Yoga Slim 7i Pro работите ги подига работите на едно повисоко ниво и наместо 16GB RAM нуди 32GB, како и 2.8K Wide Viewing дисплеј наместо QHD екран. Дисплејот има 400 нита осветлување, 90Hz освежување, 100% sRGB покриеност на бои и Dolby Vision HDR. со Intel Tiger Lake пристигнува и Thunderbolt 4 поддршка.
Yoga 7 Pro, кој го покренува AMD, користи Ryzen 9 4900H модел на процесор. Во прашање е 14-инечн лаптоп, кој нуди до 17 часа работен век на батеријата.
Yoga 6 е 13.3-инчен конвертибилен лаптоп, кој комбинира метал и меки материјали како што е сина ткаенина. Пристигнува со AMD Ryzen 7 4700U процесор и 60WHr батерија.