Од утре до недела во Скопје ќе се одржи третото издание на фестивалот „Skopje Light Art District“ со таканаречена зелена патека.

Со 4 вечери, 18 локации, 25 уметници и изведувачи кои со своите изложби, перформанси и 3Д мапирања ќе го осветлат главниот град и ќе го обојат во сите бои, почнувајќи од симболот на Скопје, Камениот мост.

Замислената рута на движење ќе продолжи по кејот на реката Вардар, зградата на МЦМ и Градскиот парк.

„Следете ја зелената патеката! Придружете ни се и бидете дел од магијата на „Skopje Light Art District 2020“!, порачуваат организаторите на фестивалот.

Четиридневниот фестивал има и посебен настан на Facebook каде се достапни информации за уметниците и изведувачите.