Според новиот извештај на The Economic Times, Samsung се подготвува дополнителниот дел на својата производна линија да го пресели во Индија.
Изворите сугерираат дека Samsung своите планови веќе им ги предложил на властите во Индија, кои вклучуваат производство на смартфони во вредност над 40 милијарди долари во текот на следните пет години. Најголем број од уредите, креирани во Индија со цена над 200 долари ќе бидат извезени.
Минатата година, Samsung ја затвори својата последна активна фабрика во Кина, по што голем дел од производството го пресели во Виетнам, кој е уште производно седиште на јужнокорејската компанија.
Најголемиот погон на Samsung за производство на телефони и во следниот период ќе остане фабрикаѕта во Ноиди, Индија.