Судот во Тексас му нареди на Apple да плати скоро половина милијарда долари за употреба на патенти од 4G во iPhone и други уреди.
Судската порота во градот Маршал откри дека е докажано дека Apple прекршил пет патенти на компанијата Optis Wireless Technology.
Сумата утврдена на 506,2 милиони американски долари може да биде уште поголема: поротата открила дека Apple намерно ги има повредено патентите. Ова му овозможува на судијата да го удвои износот на паричната казна.
Optis и нејзините партнери во случајот, „Panoptis Patent Management“ и „Unwired Planet LLC“, тврдат дека смартфоните, часовниците и таблетите на „Apple“, кои работат со „LTE“ мобилниот стандард, ја користат нивната технологија. „Apple“, кој тврди дека патентите не се валидни, вети дека ќе ја обжали пресудата, пренесува „Bloomberg“.
„Ваквите тужби од компаниите кои само пуштаат патенти за да ја вознемируваат индустријата, служат само за задушување на иновациите и штети на потрошувачите“, критикуваше Apple, нарекувајќи ја „Optis“ – „патентен трол“.
4G, познат како LTE во некои европски земји, во моментов е најшироко користената технологија за брз пренос на податоци во мобилните комуникации. Во Тексас, поротата веќе и наложи на компанијата на Тим Кук да плати 503 милиони американски долари на „VirnetX Holding Corp.“ за користење на нејзините патенти при т.н. „Virtual Private Network“. Сепак, Апелациониот суд најде грешки при пресметувањето на износот и нареди ново судење, кое треба да започне наесен.